Израел беше подобар противник во првиот сет, а Македонија имаше водство само при 5-4, по што ривалот ја презема контролата и го доби сетот со осум поени разлика (25-17).
Македонија добро го отвори вториот сет и водеше со 7-3, но Израел влезе во мини-серија од 3-0 и ја врати неизвесноста, а потоа со неколку одлични поени го сврте сетот во своја корист (25-23).
Израелците водеа и во третиот сет (20-22), но Македонија влезе во серија од пет поени и стигна до 25-22, по што продолжи сигурната игра на македонските одбојкари и во четвртиот сет кој им припадна со 25-19.
Одбојкарите на Македонија играа одлично и во петтиот сет, каде што не му дозволија на Израел во ниту еден момент да го загрози водството и триумфираа со 15-10.
Македонија во групата во Скопје ќе игра против Данска на 30 август, со Црна Гора на 2 септември, со Полска на трети, со Холандија на петти и со Чешка на шести септември.