Катар го победи Јордан со 3:1 во финалето на Азискиот куп на нации и донесе голема радост на домашните фанови на стадионот во Лусаил. Катар беше домаќин на овој континентален собир, а со победата во финалето стигна до второто злато во историјата на ова натпреварување, одбранувајќи го тронот освоен пред четири години.
Акрам Афиф е вистински херој на Катар. Напаѓачот на Ал Сад постигна хет-трик и тоа со три гола постигнати од пенал. Првиот погодок на Афиф беше постигнат во 22 минута и Катар водеше со 1:0 на полувреме. По постигнување на голот, Афиф од под штуцната извади шпил со карти и тоа со карта на која го имаше неговиот лок, а потоа направи трик каков што прават магионичарите.
Преку 86.000 навивачи уживаа во мечот за трофејот кој заврши со победа на домашната селекција.
Извештајот од натпреварот погледнете го на ОВОЈ линк:
Во судиското надополнување беа решени сите дилеми откако Афиф и трет пат ја намести топката на белата точка и погоди по трет пат од пенал за крај на сите дилеми околу победникот и освојувачот на златот на Азискиот куп на нации.