Кркиќ имаше одлична прва сезона во Барселона во која веднаш беше прогласен за нов Меси, а на крајот имаше биланс од 12 гола и шест асистенции.
Воедно, тоа беше неговата најдобра сезона во кариерата, бидејќи во следните години бројките се влошуваа се додека тренерите не ја загубија целосно доверба во него.
Следуваше трансфер во Рома за 12 милиони евра, што беше далеку под очекуваното на почетокот на неговата кариера.
Во меѓувреме ја одби репрезентацијата на Србија и реши да игра за Шпанија, но и тоа не се покажа како вистински потег бидејќи само еднаш го облече дресот на една од најсилните репрезентации во светот.
Тој потоа талкаше од Милан преку Ајакс и Стоук Сити сè до Мајнц, Алавес и Монтреал каде остана без договор и беше спасен од Андрес Иниеста со тоа што го доведе сега 31-годишниот во Јапонија за да игра за Висел Кобе.
Во јапонската лига одигра шест натпревари и постигна еден гол.