Нова победа на Мемфис над Голден Стејт. И повторно истото сценарио, незапирливиот Џа Морант. Тој броеше до 30, постигна кош во последната минута и го реши натпреварот. Очигледно ѕвездата на Мемфис игра во животна форма, надигрувајќи го Стеф Кри на спротивната страна. Стеф постигна 36 поени, но исчезна во последната четвртина и продолжението, промашувајќи ги сите шест шута. Многу ова потсетуваше на плејоф натпревар од пред пет месеци кога Гризлис ги победија Вориорс. Ова воедно беше и прв пораз сезонава за Голден Стејт.
Ембид, иако ровит после повредата на коленото, постигна 30 поени против Пистонс, го спаси тимот кој беше на пат да го повтори поразот од Бостон кога падна после +14. И сега му дозволија на ривалот да се приближи до победата, но потоа Ембид направи серија со седум поени во низа и ги остави соседите од север без првата сезонска победа.
Импресивниот почеток на Вашингтон продолжува. Визардс до четвртата победа во пет меча стигнаа на крилата на Бредли Бил со 27 и одличниот Харел 25 поени (имаше и 13 скока). Жртва беше Атланта која губеше и 20 поени, стигна до -5, но немаше сили за целосен пресврт. Одличен кај Хокс, Џон Колинс со 28 поени и само две промашувања, Јанг додаде 15, со 13 асистенции. Богдановиќ беше солиден, иако постигна само една тројка, 14 поени, 6 скока, 4 асистенции.
Чикаго загуби од Њујорк, Кемба Вокер ги предводеше Никси со 21 поен, Барет додаде 20, Рендл со 13 поени, имаше 16 скока, му недостигаше една асистенција за трипл-дабл. Секако, во центарот на вниманието е Дерик Роуз, кој од клупата против поранешниот тим постигна 12 поени. Никс сега се како Булс со 4-1 на почетокот на сезоната.
Лука Дончиќ го реши дербито на Тексас со 25 поени, даде 10 во последната четвртина, Сан Антонио добро се држеше, но пресуди квалитетот на домашниот тим. Евидентно беше неискуството на Спарс кои не издржаа иако имаа +20.
Јута го совлада Хјустон, за прв пат по 15 години Џез има старт од 4-0. Седум играчи беа двоцифрени, Бојан Богдановиќ постигна 19 поени, Ракетите имаа проблем да одбранат отворен удар, а тројки шутираа со само 20%, и практично без отпор се предадоа. На полувреме беше +21, а предноста на гостите се искачи на 36 поени.
Филаделфија – Детроит 110: 102
Вашингтон – Атланта 122: 111
Чикаго – Њујорк 103: 104
Хјустон – Јута 91: 122
Далас – Сан Антонио 104:99
Голден Стејт – Мемфис 101: 104 продолженија