Синоќа, Голден Стејт Вориорс загубија дома од Сан Антонио Спарс, а најдобар стрелец на натпреварот беше Стеф Кари.
Но, ниту неговите 27 поени не беа доволни за да се избегне поразот. Сепак, она што го направи веројатно најдобриот шутер во историјата пред почетокот на натпреварот веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Кари стои на еден од влезовите на трибините, на огромна далечина и од неповолен агол речиси позади кош.
Никој во салата не можеше да поверува што се случи. Само Кари се смееше и танцуваше со специјална кореографија.