Аргентинецот го напушти Ноу Камп по 21 година. Без ревијален меч за збогум, без преполн Ноу Камп, без премногу помпа. Тој беше пречекан од илјадници фанови пред стадионот во пресрет на денешната прес -конференција, а кога ги виде сите соиграчи Чави и Андрес Иниеста во прес салата на Ноу Камп, Меси се скрши.

Со долгиот аплауз на сите собрани, Меси заплака, а му помогна само сопругата, која му подари марамче од првиот ред. Откако аплаузот престана, Меси стапна на подиумот и едвај зборуваше.

“Воопшто не знам што да кажам, не бев подготвен за ова. Тешко ми е да се справам со ова. Минатата година беше прилично тешка поради ситуацијата од минатото лето. Јас и моето семејство верувавме дека би останал тука затоа што ова е мојот дом. Тука се чувствуваме прекрасно, но ете, морам да се збогувам. Тука сум цел живот, од тринаесетгодишна возраст и по 21 година заминувам со својот семејството, моите тројца мали каталонски Аргентинци. Ова е мојот дом, благодарен сум за сите мои сегашни и поранешни играчи и на сите во клубот “, рече Меси, бришејќи солзи.

Во подобри времиња, Аргентинецот ќе имаше 100.000 фанови на Ноу Камп на спектакуларно збогување, но поради пандемијата и ситуацијата со коронавирусот само до тоа не дојде.

“Заминувам без да се поздравам со нашите фанови поради пандемијата. Ако требаше да заминам, сакав да се случи на целиот Ноу Камп, но мораше да биде вака. Повторувам, благодарам на сите за вашата љубов сите овие години. Би сакал да се вратам и да бидам дел од овој клуб за да бидам најдобар во светот. Искрено, јас заборавив многу работи што сакав да ги спомнам, но тоа е се што можам да кажам сега. Многу сум размислувал што ќе кажам, но зборовите едноставно не доаѓаат. Па, најдобро е да поставуваш прашања “, рече Меси, и во салата повторно изби долг аплауз, по што Аргентинецот почна да одговара на печатот.

https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1424314545485537281?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1424314545485537281%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.india.com%2Fsports%2Fvideo-lionel-messi-gets-emotional-in-tears-during-press-conference-will-make-your-heart-break-4874397%2F

Едно од првите прашања беше дали оди во ПСЖ.

“Немам ништо договорено, но да, тоа е една од опциите. Што се однесува до таа фотографија со играчите на ПСЖ, тоа се случи случајно. Ги сретнав на Ибица и излеговме една вечер. Ме поканија во куќата на еден од нив, Се забавувавме и се сликавме затоа што уживавме. Се шегувавме, сите ми велеа: „Дојди во Париз“. Но, тоа беше само шега. На крајот се случи она што се случи и беше случајно. Откако беше објавено дека не можам да ја продолжам кариерата во Барселона, имав многу повици и прашања од други клубови. Интересот е огромен, но уште немам ништо договорено, преговорите се во тек “, одговори Меси, додавајќи:

“Ќе го повторам она што го кажа претседателот на клубот. Сакав да останам овде и за мене ова е шок. Имав ручек со претседателот. Разговаравме, јадевме и после тоа бев убеден дека нема да има проблеми и дека ќе можам да ја продолжам кариерата овде. Договорот никогаш не беше проблем. И тогаш се случи она што се случи. Тоа е тоа. Не можам да ви кажам ништо повеќе од тоа, вака мораше да биде. Не сум сепак свесен дека го напуштам овој клуб и фактот дека мојот живот целосно се менува се уште не можам целосно да го прифатам. Промената ќе биде тешка, особено за моето семејството затоа што веруваа дека ќе останат во овој град. Минатата година сакав да си одам од тука и тоа го кажав јасно и јавно, но оваа година тоа не беше во мојот план. Но, сите ние направивме се за да останем, но едноставно не беше можно“.