Димитриевски им ги одбрани сите шутеви на домаќините, вкупно шест на мечот во рамките на неговиот гол (Рајо за 90 минути имаше само еден единствен удар), па со тоа придонесе за нов бод на контото, иако малиот мадридски клуб веќе го обезбеди опстанокот, па може само да го подобри пласманот на табелата.
Двата врзани триумфи без примен гол со каталонските Барса и Еспањол (две победи по 1-0) беа клучни за опстанокот, после кризата од 100 дена без победа во сезоната, па сега Рајо го запиша деветото сезонско реми и дојде до 42 бода на 12-то место, еден помалку од Селта, а два помалку од Валенсија на три кола до крајот.
Хетафе со 13-то реми дојде на 37 бода, осум над опасната зона и со безмалку осигуран опстанок за следната сезона.