Ерлинг Халанд ја пропушти најголемата шанса во првото полувреме на битката меѓу Баерн Минхен и Манчестер Сити на „Алијац Арена“.
Норвешката гол машина имаше шанса од белата точка да донесе предност на својата екипа, но Норвежанецот лошо шутираше и ја префрли рамката од голот на Зомер.
https://twitter.com/qhwakusnapchart/status/1648774407395917824?s=20
https://twitter.com/AndrewTactics/status/1648774617677324289?s=20
Во Милано пак на натпреварот меѓу Интер и Бенфика, посебно атрактивен беше погодокот на Барела во 14 минута кога прво го сврте Антонио Силва, па со левата нога биеше неодбранливо во мрежата на гостите од Лисабон.