Бекот Ник Стаускас ќе потпише двегодишен договор со Бостон Селтикс, пренесуваат американските медиуми.
Овој кошаркар на претходните два натпревари во Г лигата постигна вкупно 100 поени за Гранд Репидс Голд и со тоа го привлече вниманието кон себе.
Тој ќе игра за Бостон до крајот на оваа и целата наредна сезона.
Во 2014 година, Стаускас беше избран како осми пик на драфтот од Сакраменто.
Тој ги носеше дресовите на Филаделфија, Бруклин, Портланд, Кливленд и Мајами.
Пред да се врати во Гранд Рапидс, тој имаше десетдневен договор со Хит.