Во Ливерпул се презадоволни од игрите на најголемото зимско засилување Луис Дијаз кој од Порто пристигна за околу 40 милиони фунти. „Црвените“, поучени од ова искуство, во летниот преоден рок повторно ќе се насочат кон Португалија.

Овој пат цел на Ливерпул, според англиските медиуми, е напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез. Вест Хем оваа зима понуди 40 милиони фунти за Нуњез, но Бенфика одби да го продаде својот најдобар фудбалер. Ливерпул секако е подготвен да понуди над 50 милиони фунти за Уругваецот, а Нуњез наводно изразил желба да се пресели на „Енфилд“.

Дарвин Нуњез сезонава постигна 23 гола на 29 натпревари и игра одлично во дресот на португалскиот гигант. Доаѓањето во Ливерпул би било огромен чекор во неговата кариера.