Стравични сцени ја потресоа американската јавност од меч во младинска конкуренција во кошарка во САД, откако тинејџери брутално го претепаа судијата, па го испратија во болница, каде судијата морал да биде сошиен од расекотините што ги добилпри нападот.
Момчињата на терен влегле по завршување на мечот, а не е позната причината зашто го нападнале судијата, а сета бруталност ескалирала откако арбитарот паднал на земја, по што безмилосно го тепале.
Инцидентот се случил во предградие на Атланта, а судијата болницата ја напуштил со 30 шавови.