Португалија без Кристијано Роналдо изгледа одлично во пресрет на почетокот на Мундијалот. Првата ѕвезда не играше поради настинка, но Португалците лесно ја совладаа Нигерија со 4-0 во пријателски меч.
Бруно Фернандеш беше стрелец на првите два гола, еден од пенал, а во вториот дел погодија и Гонсало Рамос и Жоао Марио.