Финска вечерва лесно можеше да нѐ победи, зашто имаа гостите од Скандинавија два диреци и уште три супер шанси откако Оливер Антман даде гол за водство по наша грешка на средината и противнападот кој го реализираше. Македонија, пак, откако Илија Несторовски имаше три супер шанси и не даде ниту еден гол, до ремито дојде со гол од пенал кој Езџјан Алиоски го изнуди, а Енис Барди го реализираше во 75-та минута од мечот.
Многу работа има пред себе селекторот Благоја Милевски, зашто Македонија трет меч по ред не успеа да даде гол од игра, а Несторовски ги имаше трите најдобри шанси во првиот дел, а Барди со два шута од слободен во вториот дел.
Несторовски во 15-та минута ја имаше првата шанса, но Јесе Јоронен одбрани, па вторпат му фати во акцијата на Елмас во 38-та, а третпат во 44-та. Финскиот голман уште двапати во краток период во 48-та и 51-та двапати му одбрани опасни удари на Барди, но не го скроти пеналот кој го доби Македонија.
Од друга страна, дефанзивно, Македонија одигра загрижувачки откако Сухонен во 23-та погоди дирек, Антман во 37-та ни даде гол, Димитриевски одбрани чист зицер на Антман во 56-та и на Џоиел Похјанпало во 61-та, а Микаел Соисало биеше во надворешниот дел од мрежата откако го претрча Алиоски.
На крај, Диего Томас во 85-та погоди дирек после центаршут.
Следниот меч на Македонија е во недела од 14 часот со Азербејџан, исто така на скопската Арена.