Новинарот, политичкиот аналитичар и регионалниот раководител на Британскиот центар за блискоисточни студии, Амџад Таха, предизвика вистински земјотрес вечерва во спортските кругови, откако излезе со обвинување дека Катар поткупил осум фудбалери на Еквадор за да има победнички старт на Мундијалот, кој в недела почнува во оваа земја.

Со катарско-еквадорскиот дуел почнува пресметката на најдобрите светски фудбалери, прва во ваков невообичаен термин и во земја без никаква фудбалска традиција.

„Катар поткупил осум еквадорски фудбалери за сума од 7,1 милиони евра за да ја загубат неделната средба со резултат 0-1 (голот ќе падне во второто полувреме). Петмина инсајдери од Катар и Еквадор ми ја потврдија информацијата. Се надевам дека ова не е точно, но и дека излегувањето на оваа вест ќе спречи било каков обид за местенка. Светот мора да се соочи со корупцијата во ФИФА“, напиша Таха.

Средбата е закажана за в недела од 17 часот, а во групата се уште Холандија и Сенегал.

https://twitter.com/amjadt25/status/1593271354803032064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1593271354803032064%7Ctwgr%5E138d29ed09892242efec6aaf3f722b2632d25786%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Fshokantno-katartsite-go-namestile-prviot-mech-na-sp-protiv-ekvador%2F