Неверојатни сцени доаѓаат од Турција, каде фудбалерот на Галатасарај, Маркао Тешеира предизвика невиден скандал на натпреварот од првото коло на шампионатот против Гиресунспор.
Во 65. минута Маркао го загуби трпението и го удри соиграчот Актуркоглу по рамото, а поголем скандал спречија нивните соиграчи кои застанаа меѓу нив.
Бразилецот за тоа веднаш заработи директен црвен картон. Инаку, Гиресунспор веќе имаше 10 играчи на теренот поради исклучувањето на Тут во 45. минута па силите на теренот беа изедначени.
Мечот заврши со победа на Галата со 2: 0, а стрелци беа Дијање и Чикалдау.