Норвешка е убедливо најуспешната нација на Зимските олимписки игри во Пекинг и постави нов рекорд по бројот на златни медали.
Последниот ден Тереза Јохауг го собори рекордот откако го освои 16 златен медал за Норвешка, со 8 сребрени и 13 бронзени медали. Ниту една нација досега нема освоено толку многу на Зимските игри, а претходниот рекорд беше 14 златни медали, кои ги освоија Норвешка и Германија во 2018 година и Канада во Ванкувер во 2010 година.
Германија освои два златни медали помалку во Пекинг отколку во 2018 година, но сепак е втора, додека Кина е на третото место со девет злата и вкупно 15 медали.
Американците освоија осум злата, како и Шведска и Холандија, додека Русија е деветта со шест злата.
Вкупно 29 земји освоија медали во Пекинг. Македонија очекувано не успеа , а беше претставувана од натпреварувачите во скијачко трчање Ставре Јада и Ана Цветановска кои своите настапи ги завршија при дното на поредокот . Третиот наш натпреварувач кој требаше да не претставува во Пекинг , скијачот Дардан Дехари поради тешката повреда заработена на тренинг мораше да го откаже својот настап .
Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2022 година:
1. Норвешка 16 златни, 8 сребрени, 13 бронзени, вкупно 37
2. Германија 12 10 5 27
3 Кина 9 4 2 15
4. САД 8 10 7 25
5. Шведска 8 5 5 18
6. Холандија 8 5 4 17
7. Австрија 7 7 4 18
8. Швајцарија 7 2 5 14
9. Русија 6 12 14 32
10 Франција 5 7 2 14
11. Канада 4 8 14 26
12 Јапонија 3 6 9 18
13 Италија 2 7 8 17
14. Јужна Кореја 2 5 2 9
15 Словенија 2 3 2 7
16. Финска 2 2 4 8
17. Нов Зеланд 2 1 0 3
18 Австралија 1 2 1 4
19. Обединето Кралство 1 1 0 2
20 Унгарија 1 0 2 3
21 Белгија 1 0 1 2
. Словачка 1 0 1 2
. Чешка 1 0 1 2
24 Белорусија 0 2 0 2
25 Шпанија 0 1 0 1
. Украина 0 1 0 1
27 Естонија 0 0 1 1
. Латвија 0 0 1 1
. Полска 0 0 1 1