Легендарниот тренер на Милан, Ариго Саки проговори за неизвесната трка за „скудетото“ предводена од двата големи милански ривали, Интер и Милан.
Милан моментално е на врвот во Серија А со два бода повеќе, но и натпревар повеќе од Интер.
Поранешниот селектор на репрезентациите на Италија и тренер на Милан смета дека ривалот во борбата за титулата има многу подобар тим, но дека нивниот стил на игра е старомоден.
„Милан нема најсилен тим, но со Аталанта е најблиску до европскиот стил на фудбал. Имаат тимски дух каков што малку тимови го имаат. Од друга страна, го имате Интер, кој има многу посилен тим, но фудбалот што го играат остана во 1960-тите“, рече Саки, па продолжи да го критикува тимот на Инзаги.
„Интер добро го игра својот фудбал, но тоа е стил на кој му помина времето и не му помага на меѓународната сцена. Тимот на Милан е составен од група млади момци и неколку искусни играчи кои дадоа многу за екипата. Златан Ибрахимовиќ можеби повеќе не е голем играч, но тој останува одлична личност. На клубот треба да му се признае поради балансираето на бизнисот и создававањето тим од претежно непознати играчи. Тие не смеат да го изгубат тој ентузијазам, тој стил на фудбал , заврши легендарниот тренер .