Атлетико Мадрид остави има позитивна недела, бидејќи по победата над Реал Мадрид во Копа дел Реј, успеа да ја елиминира и Севилја, а воедно и да победи на својот натпервар во Ла Лига.
Четата на Симеоне влезе во посакуван ритам во месец јануари, но сега пред дербито со Валенсија кое следи во Ла Лига потврди и амбициозно засилување за во иднина.
Аргентинскиот стручњак веќе подолго време го следеше Артур Вермерен и за тоа претпазливо пишуваа најугледните мадридски медиуми, а вечерва пристигна официјална потврда за негов ангажман.
Станува збор за суперталентиран 18-годишен играч за врска, а за неговиот потенцијал неодамна зборуваше и легендарниот Марк Ван Бомел кој му беше тренер во Ројал Антверп.
Атлетико му ја исполни желбата на својот тренер и исплати 27 милиони евра за младиот фудбалер, кој денеска стави потпис на долгорочен договор до 2030-та година.