Манчестер Сити ја оствари 16. победа во Премиер – лигата совладувајќи го минимално Брентфорд со 0-1 на гости. Фил Фоден беше стрелец на победничкиот гол во 16.минута, на асистенција на Кевин де Бруин. Тоа беше десетта победа по ред за составот на Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити ја заокружува 2021 година на врвот на Премиер – лигата со 50 освоени бода, осум повеќе од второпласираниот Челси.

Standings provided by SofaScore LiveScore