Американските сноубордери Линдзи Јакобелис и Ник Баумгартнер испишаа историја откако го освоија златниот медал на Олимписките игри во Пекинг во премиерното издание на дисциплината крос за мешани тимови.
Покрај тоа што влегоа во историјата како први победници на оваа дисциплина, Јакобелис има 36, а Баумгартнер 40 години, што ја прави нивната победа уште позначајна. Со 76 години, тие беа веројатно најстариот пар во конкуренцијата.
„Никогаш не ги отпишувајте старите луѓе“, им рече воодушевениот Американец на новинарите по финалето.
За 36-годишната Џејкобелис ова е второ олимписко злато откако пред три дена победи во поединечна конкуренција во крос. Таа сега е најстарата Американка која освоила два златни медали на Зимските олимписки игри.
Јакобелис на Зимските олимписки игри во Торино пред 16 години освои „само“ сребрен медал во поединечна конкуренција. Тогаш 20-годишната Американка беше разочарана бидејќи во последниот скок изгуби контрола и остана без титулата олимписка победничка. Дури 16 години подоцна таа освои две злата.
„Дефинитивно поминавме низ многу, ги видовме подемите и падовите и меѓусебните борби, мислам дека бевме одлични денес“, додаде таа.
Второто место им припадна на Италијанците Омар Висинтин и Мишела Моиоли, додека бронзата им припадна на Канаѓаните Елиот Грондин и Мериета Один.
“Ги гледав овие луѓе како се тркаат уште од моето раѓање. Ник е 20 години постар од мене. Веќе е успех дека можев да стигнам до големото финале со овие момци. Тоа е лудо”, изјави Канаѓанецот Грондин. .
На условите на натпреварот влијаеше снегот кој падна во саботата, Баумгартнер истакна дека го искористил долгогодишното искуство во своја полза.
„Се сетив на моите стари X Games денови и скокав колку што можев посилно на секој скок за да се обидам да слетам подобро“.
ФИНАЛЕ
1. Ник Баумгартнер / Линдзи Џејкобелис (САД)
2. Омар Висинтин / Мишела Моиоли (Ита)
3. Елиот Грондин / Мериета Один (Кан)
4. Лоренцо Сомарива / Катерина Карпано (Ита)