Талентираниот норвешки тенисер Каспер Руд одигра одличен натпревар и славеше со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-3 против Русинот Андреј Рубљов во полуфиналето на завршниот турнир во Торино.
Во првите четири гема од првиот сет немаше многу возбудувања, по што Рубљов загуби два гема на свој сервис и тоа го искористи Руд за да го освои сетот со 6-2.
Норвежанецот фантастично го отвори и вториот сет, каде што врза два брејка по ред за предност од 3-0, а набрзо стигна и до 5-2, по што Рубљов успеа да врати еден брејк и да намали на 3-5. Сепак, Руд во продолжение сервираше и без проблеми ја потврди победата (6-3).
Руд во финалето на турнирот во Торино ќе игра против Новак Ѓоковиќ, кој претходно со 2-0 (7-6 и 7-6) беше подобар од Тејлор Фриц.