Интересна програма во НБА лигата со неколку натпревари кои ја одбележаа вечерта. Сигурно се издвојува дуелот во Милвоки каде Бакс имаа 21 поен предност и на крајот загубија со 15 разлика .

Њујорк Никс забележа висока победа на гости кај Милвоки Бакс со 113:98. Никс рано влегоа во огромен заостаток и губеа дури 21 поен за потоа да одиграат како во транс и целосно да го свртат дуелот и на крајот високо да слават.

Бакс повторно падна под 50 проценти, повторно без Брук Лопез, кој има болки во грбот и без Крис Мидлтон, кој беше позитивен на коронавирус.

Кај Бакс се истакнаа Јанис Антетокунмпо со 25 поени и седум скока и Грејсон Ален со 22 поени и пет скока. За Никс, Џулиус Рендл постигна 32 поени и 12 скока, Дерик Роуз од клупата додаде 23 поени и осум скока, а Реџеј Барет 20 поени и седум скока.

Сакраменто Кингс постигна над 30 поени во сите четвртини, најмалку 32 во третата, и на крајот забележа висока победа од 140-110 против Шарлот Хорнетс. Разиграниот домаќин постигна дури 22 тројки со 50 отсто успешност.

Бади Хилд постигна 26 поени со осум тројки, Рикон Холмс 23 поени со 20 скока, а Де’Арон Фокс 21 поен со девет асистенции. Кај поразените Гордон Хејворд постигна 25 поени, а ЛаМело Бол 24 поени со 13 асистенции.

Голден Стејт Вориорс славеа високо против Пеликанс со 126:85. На полувремето беше само четири поени за Голден Стејт за потоа Вориорс да го издигнат противникот на 72:35.

Џордан Пул со 26 поени ги предводеше стрелците на Вориорс, а 19 поени и шест асистенции додаде Стивен Кари. Кај Пеликанс, Јонас Валанчиунас заврши со 20 поени и 15 скока, а Девонте Греам додаде 12 поени.

Кливленд Кавалирс стигна до нова победа, славејќи на гости кај Торонто Репторс со 102:101. Победата на Кавс ја донесе Дариус Гарланд од линијата за слободни фрлања на четири секунди до крајот.

Гарланд постигна 21 поен со осум асистенции, а Еван Мобли додаде 18 поени и пет скока. Кај Репторс ОГ Ануноби постигна 23 поени и шест скока, а Фред ВанВлит додаде 18 поени и шест скока.

Кевин Дурент со 29 поени и десет скока и Џејмс Харден со 13 поени, десет скока и десет асистенции ги предводеа Нетси до победата во Детроит, а Портланд Трејл Блејзерс и покрај само четири поени од Демијан Лилард ја совлада Индијана. За тоа се заслужни Си Џеј МекКолум со 27 поени и Норман Пауел со 25 поени.

НБА:
Орландо Меџик – Сан Антонио Спарс 89: 102
Милвоки Бакс – Њујорк Никс 98: 113
Сакраменто Кингс – Шарлот Хорнетс 140:110
Голден Стејт Вориорс – Њу Орлеанс Пеликанс 126:85
Торонто Репторс – Кливленд Кавалирс 101:102
Вашингтон Визардс – Мемфис Гризлис 115:87
Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 90:96
Портланд Трејл Блејзерс – Индијана Пејсерс 110: 106