Италија ќе има огромна поддршка од сицилијанците, и селекторот Роберто Манчини го истакна дека „добредојдена е темпераментната публика на југот од Италија“ како поддршка за тимот.
Италија од 1 април комплетно ги отвора капиите на стадионите за полн капацитет, а дуелот на Италија и Македонија е исклучок, како национален интерес зашто се дозволува полн стадион предвреме.
Македонија се очекува да има околу 1.300 навивачи на стадионот, а до утре сите што не успеале да купат влезници и имале технички проблем со тикет-платформата од Италија може тоа да го сторат. ФФМ објави дека само половина од заинтересираните вкупно 2.600 пријави добиле (1.300) кодови за купување на влезници.
Македонските навивачи во четврток на плоштадот во Палермо ќе имаат навивачка фан-зона од каде со бесплатен автобуски превоз ќе може да одат на стадионот.