Екипите на Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен натпревар во деветтото коло од Бундес лига, а публиката уживаше во вкупно шест гола во дуелот кој заврши на крајот 3-3.
Во првиот дел се играше возбудлив натпревар со дури три голови. Ајнтрахт до 25. минута веќе имаше солидно водство од 2-0, но Борусија Дортмунд не се предаваше и успеа да го намали водството и на паузата резултатот беше 2-1. Египќанецот Мармуш беше двоен стрелец за Франкфурт, додека за „милионерите“ голот го постигна Марсел Сабицер.
Второто полувреме воопшто не беше ништо помалку интересно и публиката имаше нови причини за задоволство. Борусија најпрво успеа да се врати и израмни на 2-2 преку Јусуфа Мујоко, но Франкфурт успеа да го врати водството во 68. минута преку Алжирецот Шаиби. Гостите не се предаваа и притиснаа на домашниот гол, што вроди со плод во 82. минута, кога Јулијан Брандт донесе израмнување и воедно и ги постави конечните 3-3.
„Милионерите“ од Дортмунд остануваат на четвртата позиција со вкупно 21 освоен бод, додека за Ајнтрахт ова беше четиринаесеттиот сезонски бод, за седмо место на табелата.