Играчот на Хајдук, Стипе Биук наскоро би можел да стане нов член на Аталанта.
Хрватскиот портал „24 сата“ доби потврда од клубот дека италијанскиот клуб е заинтересиран за 19-годишниот играч и дека се подготвува понуда вредна во основа седум милиони евра. До таа бројка би стигнале и бонусите, но и процентите од идните трансфери.
Покрај Аталанта, во трка за потпис на крилниот напаѓач наводно се и Торино и Фрајбург.
Биук минатата зима влезе во првиот тим и оваа сезона одигра 33 натпревари на кои постигна само еден гол со три асистенции. Претходно тој се поврзуваше со Манчестер Сити со осумцифрена сума.
Доколку дојде до трансфер во Бергамо, Биук ќе му се придружи на својот сонародник Марио Пашалиќ, чија сезона беше најдобра во неговата кариера.