Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо би можел наскоро да го напушти Лајпциг, откако пристигна убава понуда од англискиот гигант Манчестер јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го ангажираат Олмо и за неговите услуги нудат 60 милиони евра, па сега германскиот клуб треба да донесе конечна одлука, иако јасна е желбата на шпанскиот фудбалер.
Олмо во минатото играше за младинскиот тим на Барселона, но не доби шанса, по што си замина, а дел од кариерата го мина во Динамо Загреб.