Петар Влхова ја однесе победата од слаломот во Крањска Гора и со тоа продолжи да доминира во слалом оваа сезона. Ги има сите победи и едно второ место, ретко импресивна сезона.
Втора беше Швајцарката Венди Холденер, која никако не може да победи. Таа денеска беше блиску, но сепак на крајот остана кратка и не успеа да слави. Местото на подиумот го зазеде и Ана Свен Ларсон која заврши на третото место.
Микаела Шифрин остана без пласман бидејќи промаши врата и не стигна до целта, со што Влхова само ја зголеми предноста во слалом и значително се доближи во генералниот пласман.
Слалом, Крањска Гора:
1. Петра Влхова (Словачка) 1: 44,29
2. Венди Холденер (Швајцарија) +0,23
3. Ана Свен Ларсон (Шведска) +1,06
4. Лена Дуер (Германија) +1,29
5. Ана Буцик (Словенија) +1,65
6. Али Нулмајер (Канада) +2,15
7. Катарина Трупе (Австрија) +2,46
8. Катарина Галхубер (Австрија) +2,50
9. Ерин Миелзински (Канада) +2,63
10. Сара Хектор (Шведска) +2,67