Француската суперѕвезда од Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе не е повеќе највреден фудбалер на светот и неговото неприкосновено прво место во последниов период му го зема норвешкото чудо од дете, Ерлинг Браут Халанд од Манчестер сити.
Најпознатиот портал за трансфери „Трансфермаркт“, кој се занимава со проценка на актуелната вредност на фудбалерите, сега го направи Халанд најскап и највреден фудбалер на светот со 170 милиони евра проценета вредност, за 20 милиони евра повеќе од последната проценка.
Зад Халанд за 10 милиони евра помалку е Мбапе, чии 160 милиони евра проценета вредност не се променети, но се смени позицијата на листата на највредни фудбалери во моментов. Трет на листата е бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор со 120 милиони евра, додека во првите петмина се и англискиот репрезентативец Фил Фоден, кој конечно игра на ниво на својот талент сезонава, со проценета вредност од 110 милиони евра како четврти и последен со троцифрена сума на проценета вредност.
Петти на листата е бисерот на Барселона, Педри со 90 милиони евра.