Кошаркарите на Бостон селтикс триумфираа против Филаделфија со убедливи 121-87 пред својата публика, па така изедначија на 1-1 во полуфиналната серија на Источната конференција.
Натпреварот го одбележа враќањето на центарот Жоел Ембид, кој поради повреда на коленото не играше во првиот дуел, но ниту тоа не ѝ помогна на Филаделфија да биде рамноправен противник на гостувањето.
Во третата четвртина Бостон создаде предност од 30 поени, по што беше јасно дека Ембид и неговите колеги не можат да се вратат во дуелот.
Најдобар на паркетот беше Џејлен Браун со 25 поени, додека Ембид постигна 15 поени, пет блокади и пет скокови.