Екипата на Манчестер јунајтед одигра само 2-2 на гостувањето кај Борнмут, домаќините двапати водеа, Бруно Фернандеш изедначуваше, тимот на Тен Хаг може сепак да биде задоволен од резултатот.
Резултатот го отвори Соланке со гол во 16. минута, а 15 минути подоцна Бруно Фернандеш изедначи на 1-1.
Само пет минути потоа Џастин Клајверт реализира за ново водство на Борнмут кој со предност од 2-1 замина на одморот.
Во 65. минута поради игра со рака беше досуден пенал за Манчестер јунајтед, Фернандеш беше прецизен од белата точка за 2-2.
Длабоко во судиското продолжение беше досуден пенал за Борнмут, но со ВАР одлуката беше променета, фаулот беше надвор од шеснаесетникот. Резултатот остана 2-2.