Кристијано Роналдо е во одлична форма и тоа го потврдува од натпревар во натпревар во различни конкуренции.

Португалската звезда блескаше во дресот на Ал Наср и тоа во во азиската ЛШ. Претставникот на Саудиска Арабија славеше над Ал Духаил со 4-3, а Роналдо беше директно инволвиран во три погодоци.
Во првото полувреме забележа асистенција при голот на Талиска, додека во вториот дел имаше два атрактивни голови во 61 и 82 минута.

Ал Наср со девет бода е прв на табелата во групата Е.