Пари Сен Жермен го има веројатно најлошиот старт откако моќните Катарци повеќе од деценија владеат со клубот, па Ница им го нанесе првиот пораз со триумфот со 3-2 на „Паркот на принцовите“. Парискиот гигант има само две победи од воведните пет кола во Лига 1.
Првата ѕвезда на парижаните, Килијан Мбапе очигледно сам не е доволен ни за бод, па иако даде два гола, неговиот индивидуален ефект, сепак беше премал за да се остане непоразен, а победата беше недостижна, зашто Ница го имаше расположениот Терем Мофи кој даде два гола и еднаш асистираше.
Победата на Ница ја најави Мофи во 21-та минута, но Мбапе само осу минути подоцна израмни. Но, клуч за триумфот на клубот од аѕурниот брег беше првата половина од вториот дел, Гаетан Лаборде на асистенција на Мофи донесе второ водство во 53-та, а најдобриот играч на натпреварот даде втор гол за убедливи 3-1 во 69-та.
ПСЖ преку Мбапе со неговиот втор гол успеа да се врати во мечот со намалување на предноста, три минути пред крајот на регуларниот дел, но во судиското надополнување потоа не успеа да се извади од бездната и барем да се спаси од пораз.
Ница со победата сега дојде до 9 бода како второпласирана и го прескокна ПСЖ кој остана на осум. Парижаните имаат две ремија и сега пораз во петте досегашни кола во Лига 1.