На почетокот на првиот сет владеше неизвесност, каде што двете репрезентации се менуваа во водство, а на два разлика прва избега Македонија (11-9), а по тоа водство Романија повеќе не успеа да направи пресврт, па македонските одбојкари го добија сетот со 25-21.
Македонските одбојкари беа добри до средината на вториот сет (14-11), по што почна да паѓа концентрацијата и Романија знаеше како да го искористи тоа, па влезе во добар ритам и го доби сетот со 25-22.
Романија постојано го држеше водството во третиот сет, но Македонија не се предаде, а потоа го скрши ривалот при 15-15 и со одлична серија на крајот стигна до 25-19 за предност од 2-1 во сетови.
Лошиот старт на македонските одбојкари го искористи Романија за да поведе со 6-2, но радоста на гостите не траеше долго затоа што набрзо се случи пресврт (10-9). Големата борба продолжи до самиот крај, а во „тесна“ завршница поуспешна беше Македонија со 25-22.
Македонија по пет одиграни меча се наоѓа не третата позиција со седум бодови, односно три помалку од Албанија и четири помалку од лидерот Романија, додека на последната позиција е БиХ со два бода.