Фудбалската репрезентација на Македонија во четврток стартува во новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024 во Германија. Прв ривал на македонските репрезентативци е селекцијата на Малта која доаѓа како аутсајдер на арената „Тодор Проески“.
Напаѓачот Милан Ристовски верува дека Македонија е поквалитетен тим и дека ќе успее да стартува со триумф во квалификациите за ЕВРО 2024.
„По подолг период повторно сме заедно и имаме нов предизвик. Се надевам дека ќе ги оставиме зад себе оние малку послаби резултати во последниот период и се надеваме дека ќе имаме успешен старт на новиот квалификациски циклус. Малта е прв ривал, мораме да бидеме максимално фокусирани, затоа што иако важиме за фаворити, тоа треба и да го оправдаме. Во секој случај, мислам дека сме поквалитетен тим и ќе сториме сѐ да стигнеме до триумф“, изјави Милан Ристовски.