Како што беше предвидено, селекторот Благоја Милевски вечерва ги собра фудбалерите во хотелот „Хилтон“, што автоматски значи старт на мисијата наречена бараж за Светско првенство.
Националниот тим вечерва се собра во „Хилтон“ и на првиот собир се појавија најголем дел од репрезентатиците, а оние со задоцнети клупски обврски ќе се појават на првиот тренинг.
По денешната прозвика, Милевски утре ќе го одработи првиот тренинг во Скопје со комплетиран тим, по што репрезентативците ќе се подготвуваат за летот кон Италија.
Во вторник во попладневните часови е планирано заминувањето за Палермо, град во кој го играме бараж полуфиналето против Италија во четврток на 24-ти март.