Женската ракометна репрезентација на Македонија го загуби и вториот дуел против Шпанија во квалификациите за Европското првенство кое е на програмата оваа година во месец ноември и декемеври во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Нашата селекција се прикажа во подобро издание од првиот дуел во Скопје (31:19), но и тоа не се покажа како доволно за позитивен резултат, односно само го поправивме впечатокот со пораз од 24:20.
Најефикасна кај Шпанија беше Пинто со четири голови, додека по три погодоци за Македонија постигнаа Маџовска и Кипријановска.
Во вториот меч од истата група, Литванија му се одмазди на Азербејџан и славеше со 41-26.
Шпанија е прва во групата со осум бодови, по што следи Македонија со четири, додека Литванија и Азербејџан имаат по два бода.