Фудбалерите на Лион имаа тотална доминација на теренот против Стразбур, но загубија со 1-2. за  повторно разочарување на своите навивачи.

Сите три гола беа постигнати во првото полувреме. Стразбур постигна два гола од 29 до 32. минута преку Ахолу и Диало, додека Лаказет од пенал намали на 1-2.

Екипата на поранешната француска легенда Лоран Блан, доминираше на теренот во второто полувреме, но од 17 удари кон голот на Стразбур само два завршија во рамки на голот што не беше доволно за реми.

Поранешниот шампион по 19 одиграни меча има три натпревари во низа без триумф во првенството и се наоѓа на осмата позиција со 25 бодови, односно 22 помалку од лидерот ПСЖ.

 

 

 

Во Марсеј на арената „Велодром“, екипата на Олимпик Марсеј предводен од Игор Тудор, дојде до сигурна победа над Лориент од 3-1 со што ја продолжи победничката серија во француското првенство.

 

Стрелци на головите за Олимпик беа Колашинац, Санчез и Верету, додека за гостите почесниот погодок го постигна Мофи, за водство од 0-1.