Маркиф Морис, кошаркарот на Мајами Хит, на социјалните мрежи го коментираше статусот на повредата и испрати навредлива порака до Никола Јокиќ.
Маркиф Морис не игра кошарка од 9 ноември, поточно откако Никола Јокиќ го „нокаутираше“.
Како што објави „Легион Хупс“, Морис пропушти 30 последователни натпревари, а Маркиф се надоврза со навредлив коментар на сметката на српскиот центар.
“Зарем тоа не е лудо?! Вистинска повреда! Замислете ме удри неодговорен дебел човек од 140 килограми, кој трчаше со полна брзина и ме удри директно во ‘рбетот! Како што реков, наскоро ќе се вратам”, напиша Маркиф Морис. на Твитер.
https://twitter.com/Keefmorris/status/1479276725292830723?s=20