Руската тенисерка Мира Андреева е сензационална полуфиналистка на „Ролан Гарос“, откако со 6-7, 6-4, 6-4 ја елиминираше втората носителка Арина Сабаленка.
Андреева има само 17 години, и таа е најмлада полуфиналистка на парискиот грен-слем во последните 27 години. Пред неа, на 17 години во полуфинале влезе легендарната Мартина Хингис во 1997 година.
Во полуфиналето, младата Русинка утре ќе игра со Јасмине Паолини од Италија, па која и да победи од нив две, првпат во кариерата ќе игра во финале на грен-слем турнир.