Денеска германските медиуми објавија дека Њукасл и Евертон покажале интерес за доведување на 32-годишниот фудбалер на баварскиот гигант.
Тој се ближи до последната година од договорот, па се шпекулира дека би можел да го напушти клубот а тоа му оди во прилог на Баерн кој би се ослободил од големата плата на Милер без да мора да му даде нов скап договор.
Милер е во Баерн од 2000 година, па по 22 години би го напуштил клубот.