Поранешниот италијански шампион Наполи немаше милост против Палермо (5-0) во дуелот за осминафинале на Купот на Италија.
Наполи фуриозно го почна натпреварот и по само 12 минути со два гола на Нгонге направи исчекор кон победата, додека Хуан Жесус во 42. минута погоди за 3-0.
Во вториот дел во листата на стрелци се запишаа и Давид Нерес и Мектоминеј за триумф од 5-0 на екипата од Неапол.
Наполи во осминафинале ќе оди на дуел против Лацио.