Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид, Тристан Вукчевиќ е новиот играч на белградски Партизан, потврдија од клубот. 18-годишниот крилен напаѓач ја официјализираше соработка со црно-белите.
Младиот кошаркар во досегашниот дел од сезоната во дресот на „кралскиот клуб“ забележа девет настапи во Евролигата и 12 во Ендеса лигата. Тој во просек постигнуваше 2 поени и 1 скок во ЕЛ за околу 6 минути по натпреварот.
Беше член на пирејскиот Олимпијакос во помладите селекции, а од 2018 година е член на Реал Мадрид.
Неговиот татко е поранешниот репрезентативец на Србија и Црна Гора, Душан Вукчевиќ, кој во својата богата кариера, меѓу другото, настапуваше и за Олимпијакос, Реал Мадрид, Монтепаски…