Кошаркарите на Париз се пласираа во финале, а цела арена беше во транс поради македонскиот репрезентативец Шортс.

Во петтиот меч од полуфиналната серија против Асвел, Париз триумфираше со 98-92, на задоволство на над 8.000 гледачи кои ја преполнија Адидас арената. Победникот беше одлучен во последните минути, а херој е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.

Плејмејкерот на Париз постигна 28 поени и 9 асистенции и е најзаслужен за уште еден историски успех на неговиот тим. Како резултат на тоа, сите присутни во финишот од мечот му скандираа МВП, признание кое Шортс со своите игри оваа сезона апсолутно го заслужи.

Во полуфиналната серија, тој оствари просек од 24,6 поени, 6 асистенции и 3,2 скока со индекс 21,2.