Актуелниот светски шампион Аргентина го отвори настапот на Копа Америка со победа над Канада (2:0) и тоа на стадионот во Атланта кој заработи многу критики поради подлогата.

Фаворитот сепак успеа да освои три бода на премиерата на јужноамериканското првенство, а Лионел Меси уште еднаш покажа дека и натаму е фудбалер кој има најголемо влијание во играта на својот национален тим.
https://x.com/i/status/1803971069914538483
„Гаучосите“ не можеа да постигнат гол до 49. минута, кога Алварез го отвори резултатот и го намали притисокот врз фаворитот, додека точка на неизвесноста стави Лаутаро Мартинез во 88. минута.

Меси асистираше за вториот погодок, но она што го привлече вниманието на фановите е „акцијата од учебник“ на Аргентина, селекција чии фудбалери маестрално го освоија цел терен со едноставни додавања, за на крајот Лаутаро да реализира за конечни 2:0.