Лајпциг го пречекува Манчестер Сити во првиот осминафинален натпревар од ЛШ. Актуелниот англиски првак ја започнува нокаут фазата со надеж дека конечно ќе стигне до трофејот.
Сити беше најблиску до освојување пред две години, но загуби од Челси во финалето.
Лајпциг има импресивна серија од 18 натпревари без пораз во сите натпреварувања, пред да загуби од Унион Берлин пред десет дена.
Добра вест за Германците е враќањето на Кристофер Нкунку во тимот. Пред неколку дена се врати на теренот и забележа асистенција во победата над Волфсбург. Дани Олмо ќе го пропушти мечот поради повреда.
Минатата сезона двата тима беа во иста група во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ победија со 6-3 во Манчестер, а Нкунку постигна хет – трик. Лајпциг победи во Германија со 2-1, и тоа е единствениот пораз на Манчестер Сити од германски тим во ЛШ.
Кевин Де Бруин и Ејмерик Лапорт не се во составот за овој натпревар, како и Џон Стоунс кој продолжува со опоравување од повредата.