Колку и да постоеше желба дa се прекине губитничката серија од 4 натпревари очигледно против Пик Сегед не можевме да се носиме.
Уште воведот во натпреварот најави тежок натпревар. Вардар губеше со неверојатни 8-1 уште на половина од полувремето. Меѓутоа, „вардарци“ полека почнаа да се консолидираат, Анте Гаџа даде важни голови, Мартин Томовски фати неколку топки и со низа од три гола Вардар најави враќање (9-5).
Сепак, Пик Сегед предводен од словенецот Бомбач не дозволи да се приближиме повеќе, а и Роланд Миклер влезе во елемент, па со серија од 4-1 Пик Сегед стигна во водство од 16-9 на паузата. Првите десет минути од продолжението беа најдобрите за Вардар, се играше лесно и полетно и што е најважно, ефикасно пред голот на Миклер.
Во второто полувреме освен блесокот на Филип Талески, некој гол на браќата Њокас и сигурните реализации на Георгиевски не видовме ништо ново.
Вардар не успеа ниту да се приближи и да се понадева на реми или евентуална победа па мечот влезе во мирна завршница за избраниците на Пастор и за конечен резултат од 26:30