Кошаркарите на вечните белградски ривали Црвена Звезда и Партизан беа актери во спетакуларната пресметка во Ниш, во Купот на Србија. Дуелот заврши со триумф на црвено-белите (89-83), за петта титула по ред во купот, вкупно единаесетта.
Во пеколна атмосфера, во преполната сала, зачинета со пиротехнички реквизити, во изедначена игра со атрактивни потези на двете страни беше неизвесно до самиот крај, а Црвена Звезда дури во продолжението стигна до победа и до трофејот во Купот.
Звезда имаше водство и напад за победа, но Тајрик Џонс со небесна рампа спречи поени, а на спротивната страна истиот изнуди слободни фрлања на три секунди до крајот. Првото го промаши, го погоди второто и така донесе продолженија. Во екстра-времето, разликата ја направи Коди Милер-Мекинтаер кој во последните минути нанижа седум поени.
За екипата на Црвена Звезда, Петрушев постигна 18 поени, во чекор го следеше Кенан со 13, а Калиниќ даде 12 поени, додека во таборот на Партизан, феноменалниот суданец Карлик Џонс реализираше 34 поени, а Маринковиќ постигна 13 поени.