Екипата на Интер успеа да се спаси од пораз во градското дерби во последните моменти од дуелот и извлече бод против Милан (1-1). Натпреварот имаше драматична завршница а виновник беше Стефан Де Вриј поради голот во 93. минута.

Тијани Рејндерс во 45. минута постигна гол за водство на Милан, кога искористи една одбиена топка и ја смести во мрежата на Интер. Фудбалерите на Милан беа фокусирани на контранапади и на паузата имаа предност од 1-0.

Во вториот дел Интер тргна поофанзивно, па Јан Бисек ја погоди стативата по еден корнер, а Хенрик Мхитарјан шутираше покрај голот. Во 82. минута, Маркус Турам повторно ја погоди стативата од голот на росонерите.

Сепак играчите на Интер беа упорни, па се спасија од пораз со градскиот ривал, кога во 93. минута Стефан Де Вриј погоди со удар со глава, по асистенција на Никола Залевски.