Данска повторно го освои мундијалското злато, и останува неподлива светска ракометна велесила. Данските ракометари на четири светски првенства по ред ја освојуваат титулата првак на светот. Избранците на Николај Јакобсен ги мелеа своите противници до финалето, а и тука немаше посериозен отпор во пресметката со Хрватска.
Хрватските ракометари не се откажуваа во ниту еден момент, но сепак јасно беше дека Хрватска е само една од селекциите кои не и се дораснати на скандинавската машина Данска, па на стартот на вториот дел, после пет нминути резултатот беше десет голови разлика, 24:14.
Данска го намали темпото и му дозволи на ривалот да се избори за чесни 32:26, резултат со кој скандинавците стигнаа до четвртиот златен медал по ред на Светските првенства.
Феноменалниот Гидсел со 10 голови уште еднаш ја покажа својата светска класа, а одличен беше и голманот Нилсен со 13 одбрани. Мартиновиќ беше најефикасен кај Хрватска со шест голови, а Шоштариќ постигна пет голови.