Се комплетира втората групна фаза на СП во Хрватска, Данска и Норвешка, па познат е пласманот на екипите од деветтото до 24-тото место. Најдобрите осум екипи ќе разигруваат во четвртфиналето, додека осумте најслаби кои играа во Президент купот ќе играат за пласман од 25-тото до 32-рото место.

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Франција од 32:25 во последниот дуел на 29. СП.

Нашите ракометари одиграа борбен, солиден натпревар против силната Франција која со Данска важи за најдобрите ракометни селекции во светот.

По првиот дел имавме негатива од 18:14, по одморот бевме рамноправни и конкуретни со противникот, но на крајот имавме мал пад и загубивме со седум разлика.

Најефикасен во нашата селекција беше Филип Кузмановски со осум голови, четири постигна Марко Митев, а голманот Никола Митревски имаше десет одбрани.

Македонија со учинок од две победи , над Гвинеја и Катар, две нерешени против Унгарија и Австрија и два порази овој мундијал го заврши во Топ 16.

Македонија официјално на СП заврши како 15-та ракометна сила, а претходното првенство го завршивме на 27-мото место. Нашиот најдобар пласман, е деветто место на СП во Катар во 2009 година.

Пред Македонија, се Исланд (9), Норвешка (10), Швајцарија (11), Холандија (12), Словенија (13) и Шведска (14).

Зад Македонија е хитот на СП 2025, Италија (16), а потоа следуваат Австрија (17) и Шпанија која како осумнаесетта го забележа најслабиот пласман досега на ракометните Мундијали. Чешка е деветнаесетта, а од 20. место до 24. место следат АргентинаКатарТунис, Зеленортски острови и Чиле.